Бернардески: Горд сум што ме бара Барселона, но веќе играм за врвен клуб

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Федерико Бернардески ги коментираше информациите дека Барселона е заинтересирана за неговите услуги.

– Секако, јас сум горд што има интерес од Барселона, тоа е добро. Кога врвните клубови се интересираат за вас, тоа е супер, само што веќе играм за еден од најдобрите клубови во Европа, изјави Бернардески.

Во сезоната 2019/20, Бернардески има еден гол и една асистенција на 21 натпревар за Јувентус.

Порталот „Transfermarkt.com” ја проценува вредноста на 25-годишниот Италијанец на 40 милиони евра.

Во зимскиот преоден рок, медиумите објавија дека Барселона се обидува да го размени својот играч од средниот ред Иван Ракитиќ за играчот од средниот ред на „Старата дама”, но спортскиот директор на клубот од Торино, Фабио Паратити, ги демантираше информациите за конкретен предлог од Каталонците.

InterServer Web Hosting and VPS