Верувале или не, жената на сликата има 63 години, а тајната на нејзиниот млад изглед лежи во едноставни трикови

Откако се појави во прекрасен фустан во програма во живо на една тајванска телевизија, актерката Чен Мејфен ја откри тајната на својот изглед на 63 години.

Чен се појави во новогодишната програма на една тајванска телевизија, каде носеше провидна модна креација, а и беа покриени само оние делови кои не треба јавно да се гледаат.

Чен ја сподели оваа фотографија со своите 500.000 следбеници на Фејсбук, кои се восхитуваа на нејзиниот младолик изглед.

Тајната на Чен лежи и во нејзиниот начин на исхрана. Актерката секое утро јаде супа од ѓумбир, практикува јога и обожава сладолед.

Таа вели дека не е љубител на теретана и спортови под висок напор, но сака јога и ја практикува секојдневно.

Фото: Фејсбук

– Знам дека морам да продолжам да вежбам. Љубоморна сум им на оние луѓе кои имаат навика да одат во теретана. Јас себеси морам да се натерам за да го направам тоа – вели актерката.

Фото: Фејсбук

Бидејќи често носи високи потпетици, филмската ѕвезда која има 52 килограми, има специјална табла на која тренира стоење во штикли.

Фото: Фејсбук

63-годишната актерка која го носи прекарот „феникс на убавината“, својот одличен изглед го препишува првенствено на доброто расположение.

Фото: Фејсбук

Чен моментално е во потрага по „вистинскиот“, но вели дека тоа е многу тешко, бидејќи мажите повеќе сакаат млади жени.

Фото
InterServer Web Hosting and VPS