Сите го исмеваат голманот на Фиорентина: „Добро го проучив Роналдо каде шутира пенали“

Јувентус ја совлада Фиорентина со 3:0 во натпреварот изминатиот викенд, но по мечот сите го исмеваат голманот на „виолетовите“ Бартоломеј Драговски кој пред дуелот рече дека знаел каде Роналдо ќе ги шутира пеналите ако ги има. Интересно, Роналдо му даде два гола од два пенали на Драговски на мечот.

„Добро го проучував Роналдо за пеналите. Добро знам каде ќе шутира. Но нема да откријам, затоа што може да го смени тоа“, рече Драговски, а сега веројатно излезе смешен со оглед дека Роналдо ги реализираше двата пенали.

InterServer Web Hosting and VPS