Samsung ја заштити ознаката Super ISO која ќе се користи во Galaxy S20 серијата

Samsung поднесе барање за заштита на терминот Super ISO кај UK Intellectual Property Office. Според наводите на дојавувачот Ice Universe, оваа функција ќе биде дел од претстпјната Galaxy S20 линија паметни телефони.

Ознаката ISO тука се однесува на осетливоста на камерата на светлина (потемните сцени бараат поголем ISO). Меѓутоа, пробемот кај сензорот на камерата се јавува така што со поголеми ISO вредности може да настане и поголем шум, а новиот трејдмарк веројатно ќе нуди решение за овој проблем.

Описот на патентот истакнува дека се однесува на хардверот на камерата, како и на софтверот за обработка на фотографии. Накратко, ова би можела да биде нова верзија на ноќниот режим на Samsung.

Се очекува дека Samsung ќе го промовира и терминот Space Zoom, а оваа карактеристика ќе биде испишана покрај перископ камерата на Galaxy S20 Ultra моделот. Камерите на S20 и S20+ телефоните ќе имаат поинакви системи на зумирање во однос на најмоќниот S20 модел.

извор: USB.mk

InterServer Web Hosting and VPS