Комбинација од лекови за ХИВ и грип им помогнала на тајландски пациенти заболени од коронавирус

Тим лекари од Тајланд соопшти дека употребата на комбинација на лекови против грип и ХИВ довела до значително подобрување на состојбата на неколку пациенти сериозно заболени од новиот коронавирус.

Лекарите во болницата „Раџавити“ во Бангкок објавија дека новиот третман довел до значително подобрување на здравствената состојба на неколку пациенти во рок од 48 часа од давањето на првата доза, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу пациентите, како што соопштија тајландските здравствени служби, има една 70-годишна жена од кинескиот Вухан, која заболела од вирусот пред 10 дена.

InterServer Web Hosting and VPS