10 магични места кои вреди да се посетат барем еднаш во животот

Иако можеби не ни се доволни ни три животи да ги истражиме сите нејзини убавини, миговите низ патувањето и запознавањето на нашата планета Земја се навистина непроценливи.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot 01 630x340.jpg

Природата му дала на човекот богатство на различност и убавина, грандиозност и величественост.

Постојат места кои имаат моќ да нè фасцинираат и да докажат уште еднаш колку е моќна и магична нашата природа. Во склоп со разновидната богата историја, локалната храна, обележјата и авантурите на едни од најубавите природни опкружувања во светот.

Во продолжение ви претставуваме 10 места кои ќе ви го одземат здивот и ќе останат засекогаш врежани во вашата меморија:

1. Devil’s bridge, Германија

Rakotzbrücke или „Мостот на ѓаволот“ е иконски заоблен мост, сместен во живописниот парк Кромлау во источна Германија.

Кружниот мост привлекува многу посетители, делумно поради неодамнешната слава што ја стекна на Инстаграм, и е една од најпосетуваните атракции во Германија.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-02.јпг.jpg

2. Аntelope Canyon, Северна Аризона

Кањонот Антилопа е навистина фасцинантно место, сместено во северна Аризона, каде што живее народот Навахо.

Исклучителната портокалово-кафеава боја на карпестите sидови, со своите интересни лебдечки форми, како и прекрасната игра на длабокиот мрак и светлината што доаѓа одозгора, го прават овој кањон одлично место за истражување.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-03.jpg

3. Sea of Stars, Малдиви

Веќе добро знаеме какви сѐ убавини постојат на островите на Малдиви, но штом ќе падне ноќта, островот Вадху открива уште едно мистично изненадување: Блескави сини бранови кои го зафаќаат песочниот брег. Глетка која со својата фантастичност прави да се чувствуваш како да шеташ низ небото.

Стресот предизвикан од движењето на морето и брановите ги поттикнува планктоните да испуштаат светлина. Односно, ја активира појавата биолуминисценција. Емитуваната светлина има електрична сино-неонска боја која зрачи, пробивајќи се низ секој од брановите.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-04.jpg

4. Vinicunca Rainbow Mountain, Перу

Оваа прекрасна планина распослана со виножита,се наоѓа во Перу, со надморска височина од 5.200 метри.

Причината што ги гледаме боите на виножитото во стратиграфските слоеви на планината, во најголем дел, се должи на метеорологијата и минералогијата.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-05.jpg

Pink Sand Beach, Бахами

Според повеќемина научници, светло-розовиот песок ја добил својата нијанса од илјадниците скршени корални парчиња, школки и калциум-карбонатните материјали. Ова се остатоци од ситните морски суштества со црвени и розови школки, кои живеат во коралните гребени што ја опкружуваат плажата.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-06.jpg

6. Crooked Forest, Полска

Оваа „искривена“ шума е всушност склоп на прекрасно дефинирани борови, во близина на градот Грифино во Полска.

Оваа шумичка од 400 борови била засадена околу 1930 година, кога нејзината локација сè уште била во германската провинција Померанија.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-07.jpg

7. Caño Cristales, Колумбија

Caño Cristales претставува колумбиска река, во провинцијата Мерана, во Сераниа де ла Макарена, Колумбија.

Реката обично се нарекува „Река од пет бои“ или „Течно виножито“, и е позната по своите впечатливи бои.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-08.jpg

8. Tulip Fields, Холандија

Повеќе од четири века, лалињата се исклучително популарни во Холандија. Денес, оваа земја е најголем светски одгледувач на овие елегантни цвеќиња.

Огромните и шарени полиња на лалиња се навистина восхитувачки и возбудливи и се наоѓаат во северните и западните делови на земјата. Најдобро е да се посетат кон средината на април.

Неверојатно шарена и магична глетка која ќе ви налее магија.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-09.jpgg.jpg

9. Giant’s Causeway, Велика Британија

Џиновскиот мост е едно од оние природни чуда што се толку интригирачки, што ви е тешко да поверувате дека не се дело на човекот, туку на силите на природата.

Се состои од 40.000 базалтни столбови, кои настанале од вулканска ерупција пред околу 60 милиони години.

Името на ова прекрасно природно чудо потекнува од легенда во која се вели дека тоа е остаток од мост што ги поврзувал Ирска и Шкотска.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-10.jpg

10. Grand Prismatic, САД

Националниот парк Јелоустон е едно од најубавите и мистериозните места на Земјата.

Бидејќи се наоѓа над вулканот, ова место има голем број геотермални карактеристики, од кои едната е изворот Grand Prismatic – најголемиот извор на топла вода во САД.

Прекрасната боја што ја поседува ова место се должи на бројните микроорганизми кои живеат во водите богати со минерали.

10-magichni-mesta-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash-vo-zhivotot-11.jpg
InterServer Web Hosting and VPS