Памела Андерсон се разведува по 12 дена брак

Памела Андерсон пред 12 дена се омажи за Џон Питерс, а сега се разведува пишуваат медиумите.

Една од најзгодните русокоси во светот која претходната година доживеа физички насилство од фудбалерот со кој беше во врска, ја изненади јавноста за свадбата со продуцентот, а сега изненади со веста за разводот.

Парот се венчаше во општина, а според американскиот закон бракот не важи додека не се издаде венчален лист, а оваа постапка трае неколку недели.

Памела истакна дека љубовта е процес и дека заедно со сопругот одлучиле да го одложат издавањето на венчалниот лист.

„Животот е пат, а љубовта е процес. Знаејќи ја таа универзална вистина, заедно одлучивме да го одложиме издавањето на венчалниот лист“ изјави Памела.

На Памела ова и петти брак, а ова е најкраткиот брак досега.

Џон ја продуцираше старата верзија на филмот „Ѕвездата е родена“ како и новата верзија со Лејди Гага.

Памела и Џон се забавуваа пред 30 години, а нивната љубовна романса ја обновија при крајот на претходната година.

Извор: vistina.com.mk

InterServer Web Hosting and VPS