Кадрава коса и златен фустан: Гомез го враќа диско изгледот во мода

Убавата пејачка, овој пат, испирација нашла во седумдесетите. Селена Гомез моментално го снима новиот спот за една од песните од својот нов албум „Rare“, а за таа пригода посебно се дотерала.

Нејзиниот избор паднал на заводливиот златен фустан кој открива повеќе, отколку што сокрива, а станува збор за парче со потпис на Balman. Оваа креација совршено изгледа на Селена, а ја открива и нејзината нова тетоваша, напишана на арапски, што во превод значи „Прво сакај се себе“.

InterServer Web Hosting and VPS