Мета бара најсилни мерки за да се спречи пенетрирањето на коронавирусот во Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета побара зајакнување на мерките за да се спречи пенетрирањето на коронавирусот во Албанија.

Мета кажа дека во време кога се шири коронавирус, особено во соседните земји, време е Албанија да преземе построги мерки.

– Треба да се преземат најсилните можни мерки за да се спречи пенетрирањето на овој вирус во нашата земја, уште повеќе кога се потврдени два случаи во соседна Италија. Време е да се преземат најсилни мерки. Секое потценување може да има критични последици. Случаите во Италија јасно покажуваат дека сме сериозно изложени и треба да спречиме со секој услов и начин навлегување на овој вирус во нашата земја, рече Мета.

Посочувајќи ја како успешен пример превенцијата од САРС вирусот, Мета рече земјата ги има сите можности и овој пат надлежните да се покажат како успешни „ако секој си ја заврши својата работа со максимална одговорност“.

Албанските власти уште од 25 јануари воведоа засилени мерки на меѓународниот аеродром во Тирана. За сите патници кои пристигнуваат од Кина преку Истанбул, со летови на „Туркиш ерлајнс“ има дополнителни мерки и чекирање.

Исто така според Институтот за јавно здравје големена е фреквенцијата на миење, направена е дополнителна дезинфекција во просториите на аеродромот и оти на аеродромот има и посебна просторија за изолирање за заразни заболувања.

InterServer Web Hosting and VPS