Скандинавија доминира: Топ 5 градови за семејно патување

Доколку сте размислиле со целото семејство да се преселите некаде и да започнете од почеток, истражувањето кое е објавено на сајтот “Moving” би можело да ви помогне. Но, дури иако барате добра дестинација на која би можеле а отпатувате со семејството, овие резултати би можеле да ви бидат од корист.

Во истражувањето се земени во предвид потребите на децата, но и родителите, па меѓу критериумите се наоѓа и квалитетот на образованието, здравството, безбедноста, висината на трошоците, организираност во сообраќајот, загаденост на воздухот, активностите за деца кои ги нуди градот, а токму тоа се некои од параметрите кои луѓето ги гледаат при одбирањето на дестинацијата за семејно патување. 

Во истражувањето е земено во предвид и искуството на луѓето кои ги посетиле овие градови, а повеќето испитаници прво ја навеле безбедноста како најважна работа. Со цел што поточно утврдување на нивото на безбедност, родителите одговарале на прашањето “дали би им дозволиле на своите деца да одат сами до продавница?”

Очекувано, Скандинавија доминира на листата. На прво место се нашол Хелсинки во Финска, па следи Квебек во Канада, потоа Осло во Норвешка, Минхен во Германија и Копенхаген во Данска.

Тоа се најдобрите 5 од 150 градови кои се земени во предвид, а меѓу нив се нашле и Љубљана на 122-ро место, Будимпешта на 126-то, Букурешт на 134-то место, Загреб на 135-то место и Софија на 139-то место.

Целата листа можете да ја пронајдете на сајтот “Moving”, а можете да правите и распоред на градови по оценка за секој критериум посебно, доколку одредена работа, како на пример образование, ви е поважна од конечниот резултат.

InterServer Web Hosting and VPS