28.000 девојки се јавиле на огласот, но јапонецот се откажал

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава се откажа од потрагата за девојка која би требало да му се придружи на патот околу месечината, тврдејќи дека повеќе не е сигурен во таа идеја.

44-годишниот Маезава кој ја продал својата онлајн продавница Zozo Inc, беше во потрага по слободна девојка постара од 20 години за учествување во шоуто кое би требало да се прикажува на стриминг сервисот AbemaTV.

„Како што почнаа да ме обземаат емоции на осаменост и празнина, размислував само за една работа – љубов кон жена“, напишал тогаш Маезава на веб-страницата за пријавување.

На неговиот повик се пријавиле 28.000 жени, но во четвртокот тој се откажал.

„Дел од мене се уште се двоуми околу учеството“, твитнал Маезава.

Маезава во 2023 година ќе стане првиот патник кој со приватен аранжман ќе патува околу Месечината во склоп на програмата на Маск, SpaceX.

InterServer Web Hosting and VPS