Што точно се случува кога некој е заразен со коронавирус?

Луѓето кај кои е дијагностициран коронавирусот, потребно е итно да се лекуваат, најдобро во болнички услови, но се поставува прашањето колку болниците низ светот се подготвени да се носат со оваа епидемија.

Оние кои се заразени, а кои чувствуваат благи симптоми, имаат речиси 100% шанса за целосно излекување. Всушност, коронавирусот е доста поопасен за хронично болните лица, за повозрасната популација и ризичните групи на луѓе кои се лечат од рак или други заболувања кои го напаѓаат имунолошкиот систем.

Хоспитализацијата е потребна за пациентот да се изолира. Во голем број случаи коронавирусот предизвикува респираторни тегоби или воспаление на белите дробови, па затоа мора лицето да биде примено во болница, бидејќи доста често е потребно олеснување на дишењето.

Статистиката вели дека од четворица пациенти, еден има тешки и животозагрозувачки тегоби, додека кај останатите, имунитетот успева да се избори со коронавирусот. Она што лекарите го прават е стабилизирање на одредени симптоми кои може да го доведат животот во опасност, како што е регулирање на крвниот притисок, оптоварување на органи, дехидрирање и лекови против болки.

Во болниците во Кина се користат и лекови кои се дел од третманот при зараза со ХИВ, лопинавир и ритонавир, кои олеснуваат дел од симптомите. Но, бидејќи се работи за вирус, единствен начин на лечење не постои, туку се следат симптомите и промените кај секој болен и соодветно на тоа се интервенира.

InterServer Web Hosting and VPS