Неодоливата Аманда отсекогаш уживала во спортот, а најдобар показател за тоа е нејзиниот изглед

Аманда Бучи е бикини спортист, модел и ѕвезда на социјалните мрежи.

Бучи е од САД, а имала активно детство, па уште како дете се занимавала со многу спортови, а најмногу сакала фудбал.

Меѓутоа, таа набргу открила дека нејзината страст не е поврзана со тимските спортови, па поради тоа, Аманда почнала да бара алтернативи.

Аманда почнала да оди во теретана и да се занимава со разни дисциплини за подобрување на своето тело и изглед.

Таа ги импресионирала сите со својата фигура и така освоила трофеј во бикини натпреварување од А класа. Тоа ја мотивирало и за понатамошни успеси како спортист.

Во текот на наредните три години, Аманда учествувала на уште шест натпреварувања, пласирајќи се во првите три места на секое од нив – додавајќи во својата колекција уште неколку титули.

Покрај својот успех како бикини спортист, Аманда станала популарна и на социјалната мрежа на Инстаграм каде се здобила со голема маса на следбеници, со кои го споделува својот начин на живот и режим на исхрана.

InterServer Web Hosting and VPS