БГНЕС: Бугарска фирма во која има удел екс директорот на Дрисла, Ангелов примила 102 контејнери отпад во Варна

102 контејнери со италијански отпад се откриени во пристаништето во Варна, Бугарија, а примател на отпадот е фирмата Блацион во која учество имаат двајца македонски државјани Блаже Игнатов и Горан Ангелов кој до минатата недела беше директор на „Дрисла“, информира бугарскиот медиум БГНЕС.

Контејнерите денеска биле проверени од страна на Регионалното обвинителство во црноморскиот град и Државната агенција „Национална безбедност“, министерството за внатрешни работи на Бугарија, царината и еко-инспекторатот.

Доставувач на отпадот најден во Варна е италијанската компанија „Дентиче пантелоне“.

InterServer Web Hosting and VPS