Ирина Шајк: Чувствував дека сум заробена во погрешно тело

Манекенката Ирина Шајк (34), која гласи за најзгодниот модел на светот, за британски „Вог“ прозборе за мајчинството, прекинувањето на врската со Бредли Купер и за детството.

Иако со својот изглед Ирина никого не може да остави рамнодушен, таа откри дека порано не ја сфаќала својата женственост. Признала дека како млада чувствувала дека е заробена во погрешно тело.

– Секогаш чувствував дека требало да се родам како машко. Не знам зошто. Можеби бидејќи татко ми отсекогаш сакаше машко дете. Кога почина помислицв: „Со оглед на тоа дека сум машко, сега е мое време да се грижам за семејството“.

Ирина мислела дека никогаш нема да се омажи, поради што нејзините следбеници на социјалните мрежи ѝ пишуваат коментари истакнувајќи дека се збунети од нејзиното размислување.
„Си мислела дека нема да се омажиш? Па, дома си имала огледало? Божествена си, секој те посакува“, е само еден од коментарите.

Манекенката додава дека подоцна поинаку размислувала и дека сега сака да биде жена, но се сеќава на моментот кога тоа не го сакала.

InterServer Web Hosting and VPS