Дачиќ: Реципрочни мерки кон Црна Гора

Србија спроведе реципрочни мерки, откако Црна Гора го забрани присуството на состаноци на државните органи и институции на вршителот на работите на Амбасадата на Србија во Подгорица и тоа истото го сторила кон „личноста број два“ на црногорската амбасада во Белград, изјави министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ објасни дека српскиот претседател синоќа свикал состанок на неколку министри и директорот на Безбедоносно-информативната агенција (БИА), за да разговараат за ситуацијата и проблемите во регионот, особено по нападот врз еден млад човек во Подгорица, затоа што покажал три прсти.

Зборувајќи за реципрочните мерки, шефот на српската дипломатија кажа дека Министерството за надворешни работи „го ускратил бројот два во црногорската амбасада – министерот советник, во Белград, да присуствува на состаноци во државните институции.“

Дачиќ потсети дека при обидот да се запали знамето на таа држава во Белград, Црна Гора реагирала и протестирала, додека се нема одгласено по повод снимките на кои се гледа мокрење на знамето на Србија кај нив.

-Србија стои зад интересите и правата на нашиот народ кој живеа во Црна Гора. Ние се бориме исклучиво за правата на српскиот народ, кои ги има 29 проценти. Проблемите во Црна Гора не се испровоцирани од Србија, напротив, тие се смируваат со балансирана реакција на властите од Белград, оцени Дачиќ.

Тој повтори дека Србија е за дијалог со Црна Гора и за смирување на ситуацијата во таа земја, затоа што не ја оспорува црногорската државност, но дека ќе одговори на секој напад врз Србите.

InterServer Web Hosting and VPS