Најмалку 27 погинати во судар на автобус со рикша во Индија

Најмалку 27 лица погинаа, а десетици други се повредени во судар на автобус, што се движел со голема брзина, и рикша, во западниот дел на Индија, соопшти денеска локалната полиција.

Локалните медиуми јавуваат дека меѓу погинатите е и едно седумгодишно девојче.

Спасувачите од остатоците на автобусот извлекле најмалку 33 повредени патници, кои веднаш биле пренесени во болница, јавија американските медиуми.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочуство до семејствата на погинатите и посака брзо заздравување на повредените.

Автобуските несреќи со смртни последици се честа појава во Индија. Секоја година на патиштата низ Индија гинат по околу 150.000 лица, најчесто заради невнимателно возење, лошо оддржување на патиштата или премногу луѓе во возилата.

InterServer Web Hosting and VPS