Нова студија открива зошто треба да уживате во зелениот чај

Дали секое утро го започнувате со чаша чај?

Кога водата ќе зоврие, не заборавајте да потопите кесичка зелен чај, бидејќи новите научни истражувања сугерираат дека тоа може да ви помогне да живеете подолго и поздраво.

Откриено е дека редовното пиење на зелен чај го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и го продолжува животот за една година и два месеци. Како дел од новата студија спроведена во Кина, истражувачите го анализирале однесувањето на 100.902 учесници без историја на срцев удар, мозочен удар или карцином. Потоа биле поделени во две групи: првата група пиела зелен чај најмалку три пати неделно, а втората воопшто не пиела. За да се добијат точни резултати за придобивките од пиењето зелен чај, учесниците биле следени седум години по првичното тестирање. Откриено е дека оние кои пиеле зелен чај редовно имаат 20% помал ризик од срцев и мозочен удар, во споредба со оние кои воопшто не пиеле чај.

Зелениот чај е познат како еден од најздравите пијалоци на планетата затоа што е полн со антиоксиданти кои помагаат за подобрување на функцијата на мозокот и управување со тежината.

Студијата исто така открила дека консумирање повеќе од три чаши зелен чај неделно нема дополнителни придобивки и дека црниот чај има помалку здравствени придобивки.

InterServer Web Hosting and VPS