Овие продукти се подарок од природата за подобар имунитет

Луѓето кои се склони кон постојани настинки, болежливи се и често не се чувствуваат добро, веројатно имаат проблеми со слаб имунитет.

Најдобрите подобрувачи на имунитетот ни се достапни на дофат на рака, природни се и лесно достапни во продавниците.

Пчелини производи

Освен ако не сте алергични, тогаш медот, прополисот и матичниот млеч и нивните комбинации се вистинско богатство за вашиот имунитет. Со нивна помош внесувате минерали, природни шеќери, аминокиселини и бројни ензими. Консултирајте се со експерти во оваа област за да ви објаснат како правилно се користат овие производи.

Зелка и слични зеленчуци

Зелката и зеленчуците кои припаѓаат на истата фамилија, кељ, брокула, карфиол, прокељ, рен, ротквици, репка, сите изобилуваат со сулфурни соединенија, кои се силен борец против микробите, а во исто време го стабилизираат крвниот притисок и го контролираат холестеролот. Јадете ги свежи или кратко зготвени на пареа, бидејќи ако ги готвите долго, се ослободуваат сулфурните соединенија, предизвикувајќи чудни и непријатни мириси.

Лук и кромид

Можеби не се најомилените намирници, поради специфичниот вкус и мирис, но од друга страна се полни со витамини, минерали и флавониди. Исто како и зелките, имаат сулфурни соединенија. Познавачите на алтернативната медицина сметаат дека лукот и кромидот треба да бидат што поситно исецкани, за максимално да се искористи нивниот здравствен бенефит.

Цитрусни овошја

Цитрусите се богати со витамин Ц, но и со витамините А и Б, минерали и полифеноли. Фитонутриентите од цитрусите имаат противвоспалителни дејства. Можете да ги цедите како сок или ако можете, да ја јадете целата овошка.

Вода

Водата е неизоставен дел од секоја здрава навика. Хидратирнаиот организам има поголема способност да се чува себе отколку дехидрираниот. Возрасна личност треба да испие околу 8 чаши вода дневно. Покрај тоа, препорачливо е да јадете и бистри супи и да пиете чаеви и природни сокови.

InterServer Web Hosting and VPS