Враќање на филмската ѕвезда DeLorean DMC-12 на автомобилскиот пазар!?

Зад познатото име DeLorean што се пролави со филмската франшиза Back to the future,астана компанија од САД, која, најверојатно, ќе стартува со производство на модернизираниот иведба на „филмската ѕвезда“ DMC-12 и тоа веќе наесен наредната 2021 година.

Автомобиот што се прослави во ултниот нучно фантастичен филмски серијал Back to the Future, моделот DeLorean DMC-12 остана во меморијата на цели генерации родени во револуцијата на попкултурата , .а сега по се изгледа го чека повторно раѓање и враќње на сцната и тоа као производен сериски модел, секако добро подновен.

Компанијата DeLorean Motor Company во 2016 година објави дека ќе произведе ограничен број на примероци на „новиот“ модел DMC-12 со користење на комбинации на модерни компоненти и залиха од остатоците од првиот модел, но проект застана во времето.

Сeга нештата се движт и по правните постапка, по речиси  четири децении, потчно есента наредната 2021 година, би требало да отпочне произодство на автомобилот.

Автомобилот DeLorean е глобално популарен и посакуван за доработување и за реставрирање а, веста дека се подготвува сосема нова серија ќе израдува мнигу негови поклоници ширум палетата .

Новиот американски закон ќе им овозможи на малите американски производители на автомобили да произведуваат и да продаваат до 325 реплики од автомобили годишно, а исте немораат да ги исполнуваат најновите американски безбедносни прописи.

Така, новиот DeLorean ќе ја има истата каросерија како и моделот од осумдесетите години на минатиот век, но наместо 2,8-литарски бнзинец со шест цилндри во консталација со форма на латинската буква  V, од Renault, со  130 КС и 207 Nm вртежен момент од легендата, новата верзија би требало да добие исто така бензинец со шест цилиндри во V консталација, но со работен волумен од  3,5-литри и 350 КС, од неодреден во моментот производител.

Во DMC се надеваат дека неделно ќе произведува еден или два автомобили, а секој ќе чини околу 100.000 долари, а ќе понудат унапредена шасија, нова технологија, систем на потпирање, сопирачки, светла, серво управувач, а вовнатрешноста. поквалитетни материјали и модерен дезен , темпомат, клима-уред…

Потсетуваме, моделот DMC-12 влезе во легендите откако во 1985 година патуваше низ времето со Marty McFly, а ниту сега, по речиси четири децении , не ја загуби препознатливоста  што ја лансира  холивудската филмска франшиза.

InterServer Web Hosting and VPS