iPhone 9 ќе има поголема батерија од iPhone SE

Иако iPhone 9 ќе биде буџетски уред, сепак ќе има неколку интересни карактеристики кои ќе бидат привлечни за фановите:

Меѓу овие карактеристики ќе биде и батеријата. iPhone 9 ќе доаѓа со истата батерија од 1821 mAh која се наоѓа и во iPhone 8. iPhone SE доаѓаше со батерија од 1624 mAh. Од останати интересни карактеристики, ќе работи на A13 – истиот процесор со iPhone 11 серијата. 

Во однос на дизајнот, ќе има 4.7 инчен дисплеј со подебели рамки од страните и физичко Home копче под кое ќе се наоѓа скенерот за отпечатоци. Face ID технологијата нема да биде достапна. 

Иако официјално не е потврдено, цената на iPhone 9 ќе биде околу 399 долари. 

InterServer Web Hosting and VPS