Кинезите во БиХ ставени во карантин, самите барале да бидат изолирани

Кинеските граѓани кои престојуваат и работат во БиХ, а кои моментно се наоѓаат во Кина, ќе бидат сместени во изолација по влегувањето во земјата, соопшти денеска амбасадата на Народна Република Кина во Сараево.

Во изјавата на амбасадата се вели дека кинеските државјани сами предложиле иницијативи и мерки за изолација во траење од 15 дена по враќањето во БиХ, строга заштита од вируси и внимателно следење на сопствената здравствена состојба.

„Досега во Босна и Херцеговина не е пронајден ниеден потврден или сомнителен случај на пневмонија предизвикана од новиот коронавирус. Амбасадата на Кина во Босна и Херцеговина е подготвена да одржува комуникација и да соработува со властите во БиХ во кој било аспект на ова прашање“, се вели во соопштението од Амбасадата на Народна Република Кина, пренесува сараевскиот портал „Кликс“.

InterServer Web Hosting and VPS