Тимот на „Медена земја“ се дружеше со Пачино, Де Ниро, Ди Каприо и Бред Пит

Само да разјасниме, јас не стоев до него, тој стоеше до мене. Вака на шега ко-режисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска, ја искоментира фотографијата на која е застаната рамо до рамо со холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо на предоскаровското дружење во театарот Долби во Лос Анџелес. 

Котевска и нејзините колеги кои работеа на нашиот документарец кој е номиниран во дури две категории за најпрестижната филмска награда, на забавата имаа можност да се дружат со големи имиња како легендарните актери Ал Пачино и Роберт Де Ниро, но и со режисерот Квентин Тарантино.

InterServer Web Hosting and VPS