Кинез протеран од Хрватска поради пеење усташки песни

Кинезот од Хрватска Ше Јат Лунг доби казна тримесечно протерување од Хрватска и поведување прекршочна постапка поради пеење усташки песни, пишува „Слободна Далмација“.

Весникот пишува дека 44-годишниот Кинез, кој сакал да се претставува како усташ, пеел усташки песни будници во кафуле кај бензинската пумпа во Грубине, општина Подбабље, за време на ракометниот натпревар на европското првенство меѓу Хрватска и Шпанија.

Тој бил уапсен откако било објавено видео на кое се гледа кинескиoт државјанин кој пее усташки песни.

Против него било покренато обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, а тој бил изведен пред суд по скратена постапка.

„Станува збор за песни со неприфатливи пораки и содржини кои предизвикуваат омраза и нетрпеливост“, за „Слободна Далмација“ изјавила Жељка Радошевиќ од полицискиот оддел на Сплитско-далматинска жупанија.

InterServer Web Hosting and VPS