Мигранти ја пробиле оградата на српско-унгарската граница, полицијата интервенирала со истрели во воздух

Velika Kladuša, BiH - 26. oktobar 2018: Stotinu migranata i treću noć je provelo na otvorenom u blizini Graničnog prelaza Velika Kladuša - Maljevac. Noć je protekla mirno, a očekuje se da će ova situacija danas biti riješena. ( Samir Yordamoviç - Anadolu Agency )

Како што соопштува унгарската полиција, инцидентот се случил околу 5.30 часот утринава. Уапсени се четири лица.

Поголема група на мигранти ја пробиле оградата во близина на српско-унгарскиот граничен премин Хоргош-Реске 2. Унгарските погранични полицајци истрелале неколку куршуми како предупредување, пренесува српски „Блиц“.

Според сознанијата на овој медиум, околу 60 нелегални мигранти рано утринава се обиделе да ја преминат српско-унгарската граница, а притоа унгарските чувари истрелале три куршуми во воздухот.

Како што соопштува унгарската полиција, инцидентот се случил околу 5.30 часот утринава. Уапсени се четири лица.

„Блиц“ пишува дека граничниот премиер Хоргош 2 – Реске 2 е затворен за сообраќај, а целиот регион е под „опсада“ на полицијата.

InterServer Web Hosting and VPS