Фолкерката Тања Стефановска конечно пресече и му порача: „Избери!“

Фолкерката Тања Стефановска коненчно реши да пресече и на својот сакан му порача „Избери“!, но не во вистинскиот живот, туку во видеото за новата песна која го носи истото име – „Избери“.

Станува збор за тема која што е авторско дело на тимот со кој што пејачката соработува долги години наназад, музика и аранжман Дејан Момировски и текст Борче Нечовски.

Иако досега сме навикнати да слушаме фолк рефрени од Тања, овојпат станува збор за композиција која што е во поп стил и Тања искрено се надева дека публиката истата ќе ја прифати и ќе и се допадне.

Во продлжение погледнете го видеото кое што го изработи „Веста продукција“:

InterServer Web Hosting and VPS