„Медена земја“ прикажан во Љубљана: Атиџе го воодушеви и Словенците

Приказната за медарката Атиџе Муратова од Македонија ги воодушеви и Словенците. Имено, македонскиот документарец “Медена земја“ номиниран во две категории за најпрестижната филмска награда Оскар, за првпат беше прикажан во Љубљана. На проекцијата во полната сала на Кинотеката во Љубљана присуствуваа дел од политичкиот врв и амбасадори, како и голем број на љубители на филмот кои имаа можност за прв пат да го видат документарецот.

Проекцијата беше дел од фестивалот „балКам”, а филмот кој побуди голем интерес го гледаа и претседателот на словенечкото Собрание Дејан Жидан, генералната секретарка на Собранието Уршула Зоре Тавчар, француската амбасадорка Флоренс Ферари, заменик амбасадорката на САД Сузан Фалатко, грчкиот и црногорскиот амбасадор и многу други гости.

Веста дека документарен филм од Македонија за прв пат во историјата на Оскарите има двојна номинација, не остана незабележано во словенечките медиуми кои пишуваа за големиот успех.

InterServer Web Hosting and VPS