„Ле Соар„: Балканот се гуши под фини честитки, незадоволството (во ЕУ) расте

Еден од највлијателните белгиски дневни весници – „Ле Соар“ во своето денешно издание посветува репортажа на загадениот воздух во земјите од Западен Балкан и зависноста од јагленот на земјите од регионот.

„Балканот се задушува во микрочестичките“, почнува репортажата објавена денеска во весникот, во која се потсетува дека проблемот со загадувањето во земјите од регионот не застанува пред границите на Европската Унија.

Додека ЕУ се обидува да воведе амбициозни цели за справување со уништувањето на животната средина и климатските промени, „Ле Соар“ потсетува дека аерозагадувањето што доаѓа од Западниот Балкан го загрозува здравјето и на граѓаните на ЕУ.

  • Според невладината организација „Бенквоч“, шеснаесет централи на јаглен од регионот испуштаат иста количина диоксид сулфур колку сите 250 централи во ЕУ, загадување кое не застанува пред границите на ЕУ: од 3.906 смртни случаи што се должат на овие централи во 2016, над 50 отсто се регистрирани во земја на ЕУ, пишува весникот.

Во Србија граѓанските движења бараат енергетска транзиција кон одржливи извори, како сончевата енергија или ветерниците, објаснува во интервју Добрица Веселиновиќ од движењето „Не да(ви)мо Београд“.

Имено, Балканот продолжува во огромна мера да зависи од јагленот за производството на струја, индустријата загадува исто како и автомобилите, додека стандардите на заштита се преслаби, објаснува весникот.

  • Изворот на загадувањето е добро познат, но властите не се брзаат да го свртат листот – вели репортерот.

Од невладината организација „Бенквоч“, која ги надгледува фондовите на ЕУ во Југоисточна Европа велат: „Владите на Западниот Балкан до скоро ја следеа истата енергетска политика како и последните неколку децении, заснована на јаглен и хидроелектрани. Тоа се должи, меѓу другото, на лесниот пристап до национални резерви на лигнит, на инертноста во начинот на размислување на политичката елита и локалните експерти, неспособноста да се премине на енергетски систем пазарно ориентиран, политичката тешкотија за затворање на рудниците за јаглен и, иако потешко се докажува, корупцијата“.

Понатаму, текстот објаснува дека властите во регионот не само што немаат план да се справат со загадувањето од корен туку планираат и да градат нови централи на јаглен во наредните години, најчесто со кинески фондови.

  • Кина овозможи да се имплементираат проекти кои требаше да се откажат откако европските банки престанаа да финансираат проекти со јаглен, кинеските претставници инсистираат дека локалните власти се свртеле кон нив пред сѐ за да ги финансираат овие централи – вели Галоп.

Според студија на Обединетите нации, загадувањето од јагленот го намалува животниот век за 1,3 година.

InterServer Web Hosting and VPS