Украдена пушка пронајдена кај жител на Ѓорче Петров

Скопје, 24 јануари- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.С.(56) од Ѓорче Петров – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’.

На 27.08.2019 во викендичка во с.Сенце, гостиварско, сопственост на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле ловна пушка „црвена застава“ калибар 12 мм и ловен патрон со калибар 12 мм, за кои не поседувал дозвола. По извршеното вештачење било утврдено дека ловната пушка била во сопственост на лице од с.Матејче, општина Липково и била предмет на кривично дело „кражба“.

InterServer Web Hosting and VPS