Владата реагира на извештајот за корупцијата – Ја подигнавме отчетноста, но потребна е помош од судството

Владата преку соопштение реагира на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал (ТИ), според кој годинава Македонија бележи пад од 13 места. Годинава земјата е рангирана на 106, а лани била на 93-то место.

Во соопштението од Владата се наведува дека за бескомпромисна борба против корупцијата ја подигнале отчетноста и транспарентноста на институции на извршната власт, но дека е потребно и независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија.

Од Владата наведуваат неколкуактивности што презеле за таа цел, како измени на Законот со кои на се зголемуваат надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата, потоа усвоена е Стратегијата за транспарентност на Владата, лансиран е порталот „Отворени финансии“ со којна увид на јавноста ги става сите минати, сегашни и идни финансиски трансакции, на буџетските корисници од Буџетот.

Претседателката на Транспаренси Интернешнл Слаѓана Тасева претходно презентирајќи го извештајот укажа дека резултатите од оваа година на Индексот на перцепција на корупцијата покажуваат дека Македонија се вратила на ниво пред изборите и пред промената на власта во 2016 година. Според неа ова треба сериозно да ги загрижи сите во државата. (REL)

InterServer Web Hosting and VPS