Традиционална јануарска годишна забава на „Скопски џез фестивал“

Скопскиот џез фестивал в петок ја организира традиционалната јануарска годишна забава на којашто ќе бидат промовирани новите календари на СЏФ за 2020 година, а со своj настап ќе се претстави триото на џез-гитаристот Сашо Поповски: Сашо Поповски – гитара, Иван Бејков – контрабас, Виктор Филиповски – тапани.

Забавата ќе се одржи в петок, 24 јануари, во МКЦ Клуб & Ресторан, со почеток во 20:30 часот. Влезот е слободен.

InterServer Web Hosting and VPS