Пронајдено починато момче во стан во Аеродром

Скопје, 2 јули- Момче било пронајдено починато во стан во населбата Аеродром, информираше МВР.

-На 01.07.2019 година во 18.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на булевар АВНОЈ во Скопје пронајден е починат Н.Ѓ.(38). Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Аеродром. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, велат од МВР.

InterServer Web Hosting and VPS