Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ му се закани на Милошоски со тужба

Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, во целост ги отфрла лажните наводи изнесени од пратеникот Антонио Милошоски, вчера на емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, каде што обвини за поткуп на пратеници од НПГ за гласањето на уставните измени.

„Исто така , во континуитет од раководството на ВМРО ДПМНЕ се изнесуваат вакви клевети за поткуп.

Го охрабруваме пратеникот Антонио Милошоски и останатите од раководството на ВМРО ДПМНЕ, доколку имаат докази за ваквите клевети веднаш да ги пријават во Јавното Обвинителство.

Во спротивно најавуваме дека ваквите наводи ќе треба да ги докажуваат во судски постапки“, информираат од Независната пратеничка група на опозицијата.

InterServer Web Hosting and VPS