Русија доби нова влада

Рускиот претседател Владимир Путин денес ја одобри новата влада во земјата во која остануваат повеќе министри од претходниот мандат, но со нов министер за економија и нов прв вицепремиер.

Новата влада е формирана по помалку од седум дена откако Путин откри големи промени во политичкиот систем што доведоа до оставка на тогашниот премиер Дмитриј Медведев и целата негова влада.

По оставката, Медведев беше именуван за заменик-претседател на Советот за безбедност, тело кое го води Путин.

Потоа, Путин го избра 53-годишниот Михаил Мишустин, поранешен шеф на даночната служба, за нов премиер на Русија. Економскиот советник на Путин од 2013 година Андреј Белошов ќе биде новиот прв вицепремиер, а нов министер за економија ќе биде поранешниот регионален гувернер Максим Решетников.

InterServer Web Hosting and VPS