На Инфективната клиника хоспитализирани четири лица со компликации од грип

Во болницата има уште осум други лица кои имаат симптоми на вирусот. Меѓу заболените нема деца.

Гипот им направи компликации на четворица заболени, еден од нив е во потешка здравствена состојба. Хоспитализирани се на Инфективната клиника. Во болницата има уште осум други лица кои имаат симптоми на вирусот. Меѓу заболените нема деца.

Од Клиниката информираат дека пациентот кој е во потешка здравствена состојба е примен во текот на вчерашниот ден, има и Хронична белодробна болест и е згрижен на одделението за интензивна нега.

Минатата недела амбулантски биле прегледани 30 пациенти, наведуваат од Клиниката. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека за една недела повеќе од 580 граѓани заболеле од грип.

InterServer Web Hosting and VPS