Ве мачат грчеви во нозете во текот на ноќта? Еве што тоа може да значи

Кога среде ноќ ќе ве разбуди грч на нозете, веројатно се прашувате што се случува. Колку и да трае грчот, не е пријатен и сакате што е можно поскоро да попушти.

Ноќните грчеви се особено вознемирувачки затоа што се нагли и предизвикуваат затегнување на мускулите на долниот дел на ногата, понекогаш бутовите или стапалата, а настануваат како резултат на прекумерно, предолго и необично затегнување на мускулите.

„Грчот може да трае од неколку секунди до неколку минути. Просекот е девет минути, а потоа следи неколку часови болка, понекогаш и два до три дена непријатност“, вели неврологот Мајкл Џејф.

Ако страдате од грчеви во нозете, не сте сами. Околу 60 проценти од Американците пријавуваат дека ноќе понекогаш ги буди ова непријатно чувство, според Американската академија за семејни психијатри.

Веројатно очекувате научниците да ја знаат точната причина за грчевите, но тие сеуште имаат само теории.

Најчесто може да се слушне дека грчевите се предизвикани од дехидрација или нерамнотежа на електролити. Можеби тие работи играат улога, но тие веројатно не се главните виновници.

Постојат неколку можни причини кои доведуваат до грчеви во нозете:

– вашите мускули се уморни или сте ги преоптовариле со нова активност

– постои структурна или механичка причина за проблемот, како што се рамни стапала или проблеми со циркулацијата

– пиете лекови како што се диуретици, лекови за астма и лекови за намалување на холестеролот

– во прашање се посериозни здравствени проблеми како што се мускулна болест (миопатија), нервни заболувања (невропатија), моторни неврони (ALS) или Паркинсонова болест.

Исто така, важно е да се знае дека студијата од 2015 година открила дека бројот на случаи на грчеви во нозете двојно се зголемува во текот на летните месеци.

Како да ги спречите грчевите во нозете?

Истегнете се. Добро е да го истегнете погодениот мускул и така да ја намалите зачестеноста на грчеви.

Избањајте се. Промената на температурата може да ви помогне да се ослободите од грчеви во нозете.

Пијте малку сок од кисели краставички или јадете лути пиперки. Иако, среде ноќ не копнеете по некоја од наведените намирници, науката открила дека овие две работи можат да помогнат. Сокот од кисели краставици предизвикува рефлекс кој ги намалува невроните кои се вклучени во грчевите на мускулите. Капсаицинот кој се наоѓа во лутите пиперки може да го има истиот ефект.

InterServer Web Hosting and VPS