Bentley се збогува со Mulsanne и легендарниот 6.75-литарски V8 со новиот Mulsanne 6.75 Edition by Mulliner

Легендарниот 6.75-литарски V8 постои во некоја форма веќе 60 години – и Bentley одлучи да го испрати на навистина достоинствен начин.

Mulsanne 6.75 Edition by Mulliner ќе биде произведен во само 30 примероци, а ќе добие неколку уникатни детали. Надворешноста добива сјајно-црни детали, со предни светла кои се обвиени во хром, како и специјална Mulliner Serenity предна маска. Маската, летечкото Б и завршетоците на издувниот систем се затемнети, а автомобилот е на специјални 21-инчни тркала.

Кабината е уште поспецијална – купувачите ќе можат да изберат меѓу четири различни бои – Imperial Blue, Beluga, Fireglow и Newmarket Tan. Кабината добива сребрени детали, опшивките се во сива боја, а автомобилот ќе добие и Edition 6.75 светла во вратите. Во внатрешноста ќе најдете и специјална плакета со зборовите „6.75 Edition“, „Celebrating 60 Years of the L Series V8 Engine“ и „One of thirty hand-built in Crewe by Bentley Mulliner“.

Инаку, моторот е оној кој се вградува и во Mulsanne Speed – и испорачува 530 коњски сили и 1100 Nm вртежен момент. Ерата на овој легендарен V8 во Bentley ќе заврши оваа пролет, кога ќе заврши и производството на Mulsanne.

Според најавеното, луѓето кои работат на Mulsanne ќе бидат распоредени на други позиции, а во наредниот период титулата на знаменосец ќе отиде кај Bentley Flying Spur.

InterServer Web Hosting and VPS