iPhone 11 Prо е задолжен за 70 проценти од iPhone продажбата во Америка!

iPhone 11 серијата има дефинитивно подобра продажба од претходната серија на компанијата.

Во периодот од октомври до декември, 2019 година, iPhone 11 серијата е заслужна за 69% од целосната iPhone продажба во Америка. Стандардниот iPhone 11 имаше 39% од продажбата, додека iPhone 11 Pro и 11 Pro Max имаа по 15%. 

Како за споредба, iPhone XR и XS имаа помала продажба, од 65% за истиот период во 2018-та. 

Останатите 31% од продажбата беа поделени меѓу постарите iPhone уреди. iPhone XR се покажа дека сеуште има висока побарувачка со импресивни 18%. iPhone 8 и 8 Plus имаа 13% од продажбата./gsm.mk

InterServer Web Hosting and VPS