Калеска-Ванчева: Сите пратеници го користат името Северна Македонија и патуваат во странство под тоа име

СДСМ не стравува од пораз, односно од победа на ВМРО-ДПМНЕ, но СДСМ секогаш е козистентен во стаоввите и очекуваме ВМРО-ДПМНЕ еднаш за ваквите работи да е јасен, повика во емисијата „Само Вистина“ пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева.

„Очекуваме раководството ВМРО-ДПМНЕ да биде јасно дали го прифаќаат договорот од Преспа. Моето лично мислење, но и ставот на СДСМ е дека треба да кажат, бидејќи граѓаните тоа го очекуваат. Без договорот, нема ЕУ и НАТО перспективи, тоа е јасно на сите и тоа не треба да го експолатираат“, рече Калеска-Ванчева.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски возврати дека бил јасен ставот на Христијан Мицкоски и ракводоството во врска со договорот од Преспа и дека денеска по повториле уште еднаш.

„Можеби СДСМ и чесните луѓе од СДСМ не стравуваат, но Заеви стравуваат и ќе се обидат да направат се за да продолжат да владеат. Нашиот лидер Христијан Мицкоски има непроменет и дециден став, дека ако има дво-третинско мнозинство, ќе се поништи договорот, а ако нема ќе се стави Македонија на брза трака за влез во Европската Унија“, рече Арсовки.

Пратеничката од СДСМ рече дека политичката борба не треба да се води на прашањето за Преспанскиот договор.

„Зарем мислите дека ако имало подобро решение, немало тоа да го направиме? Мислите дека гласавме со задоволство, со среќа? Не, задоволството беше зошто правевме нешто добро за државата. Јас останувам на тоа дека повторно би притиснала зелено копче за Преспанскиот договор, зошто за нас нема друг пат освен кон ЕУ и НАТО. Уставното име на оваа држава е Република Северна Македонија и ние не можеме, ниту сакаме да бегаме од тоа. Моите колеги во Собранието се свесни дека името е Република Северна Македонија и патуваат во странство под тоа име и го користат тоа име“, додаде Калеска-Ванчева.

InterServer Web Hosting and VPS