Бугарската опозиција бара гласање доверба за Владата

Бугарската Влада се соочува со гласање за доверба следната недела, откако илјадници луѓе во изминатите два месеца останаа без вода, што предизвика масовни протести во јавноста. Опозицијата денеска го поднесе преглогот, откако пред десет дена обвинителството го обвини министерот за животна средина Нено Димов дека намерно лошо управувал со кризата поврзана со водата во западниот дел на Бугарија, која започна кон крајот на ноември. Димов во меѓувреме поднесе оставка.

Ова е четврти обид на Социјалистичката партија во изминатава година да ја собори владејачката коaлиција на премиерот Бојко Борисов.

InterServer Web Hosting and VPS