По 21 година ќе се обноват авионските летови меѓу Белград и Приштина

По 21 година, се воспоставува авионска линија Белград-Приштина…Договорот беше потпишан во американската амбасада во Берлин од Милун Трифунaц, државен секретар во српското Министерство за економија и Есет Бериша, генерален директор на Цивилната авијација на Косово.

На него присуствуваше и американскиот советник за национална безбедност Роберт Брајан, кој договорот го оцени како историски. На потпишувањето присуствуваше и американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел, кој му е и советник на американскиот претседател Доналд Трамп за Србија и Косово.

Летот меѓу Белград и Приштина ќе биде во траење од 25 минути и ќе го врши Еуровингс, компанија на Луфтаханза.

Ова е прв договор меѓу Србија и Косово, по прекинот на разговорите за нормализација на односите, предвикан од царините што ги воведе Приштина.

InterServer Web Hosting and VPS