Што пишуваат медиумите во регионов за ликвидираните Црногорци во Атина

Според пишувањата на грчките медиуми синиќешното убиство во преполн ресторан во Атина на црногорските лидери на т.н. шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ се случило молскавично. Страшните и грозоморни сцени траеле нецела минута. Во овој кус временски период смртно погодени се Дедовиќ и Стаматовиќ кои со своите сопруги и децата биле на вечера, а настрадала и една жена, која има прострелна рана во ногата и е надвор од животна опсност.

Дедовиќ и Стаматовиќ одамна им се познати на полициските служби, пишува „ЦДМ“. За Дедовиќ (43), кој со браќата Игор и Јовица Вукотиќ е означен како еден од лидерите на „шкаљарскиот клан“, на крајот на март 2016 година беше распишана потерница поради обид за двојно убиство на Војин Ступар и Милош Радоњиќ, двајцата блиски со „кавачкиот клан“, најголемите конкуренти на „шкаљарците“. Ступар тогаш се здоби со тешки телесни повреди опасни по живот, додека Радоњиќ остана неповреден.

Дедовиќ инспекторите го поврзуваат со шверц на наркотици. Дедовиќ некогаш беше сопственик на ланец на пицерии „Пронто“, а неколку дена откако беше ранет во престрелка во август 2008 година, тој ја напушти Црна Гора.

Војин Ступар, кон кој наводно пукале Дедовиќ, Вукотиќ и Шаковиќ, е зет на Игор Божовиќ, еден од лидерите на „кавачкиот клан“ кој исто така е во бегство, додека Милош Радоњиќ пред неколку месеци е уапсен во Хрватска со лажни документи.

Стаматовиќ важи за лидер на кланот од Загоричани, криминална група од Подгорица за која многумина сметаат дека е огранок на кланот од Шкаљари. Стаматовиќ е обвинет дека организирал криминална група чија цел била да го убијат Радојица Зековиќ, кој наводно е блисок со кланот од Кавач. Нему во ноември минатата година за тоа кривично дело му беше изречена казна затвор во траење од 12 години. Стаматовиќ беше во бегство и му се судеше во отсуство.

Убиениот Стаматовиќ во соседна Србија ѝ стана позната на јавноста во рамките на истрагата за убиството на Александар Станковиќ познат како Сале Мутави на 13 октомври 2016 година, бидејќи тој ден наводно бил во Белград, а брзо потоа се вратил во Подгорица. Тој, меѓутоа демантираше дека има било каква врска со убиството на Сале Мутави. Исто така, Стаматовиќ се поврзуваше и со оружјето кое беше пронајдено во Јајинци, во близина на тогашниот премиер, а сега претседател на Србија, Александар Вучиќ.

Еден од најблиските соработници на убиените Дедовиќ и Стаматовиќ е Милиќ Миња Шаковиќ кој е на слобода во Црна Гора. Од лидерите на шкаљарците се останати браќата Вукотиќ, со тоа што Јовица Вукотиќ е во екстрадициски притвор во Белград, додека Игор Вукотиќ е во бегство и за него има распишано меѓународна потреница.

Во април 2019 година, еден од најслните удари за шкаљарскиот клан беше убиството на Веселни Веско Вукотиќ, таткото на Јовица и Игор. Веско Вукотиќ е убиен во Котор пред својата куќа. Тоа убиство до ден денес е останато нерасветлено.

Которските кланови претходно делуваа како една криминална група. Меѓутоа, на крајот на 2014 година во Валенсија исчезнаа околу 300 килограми кокаин, по што дојде до поделба во кланот, кој се подели на „шкаљарци“ и „кавчани“. Набрзо започнаа и убиствата, пишува српски „Б92“.

Во војната меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан од февруари 2015 година до денес се убиени повеќе од 40 лица.

Дедовиќ кој синоќа беше убиен во Атина, имал хрватски документи, пишува „Јутарњи лист“.

Весникот потсетува дека за озлогласениот шкаљарски клан од Црна Гора многу се пишуваше на крајот на минатата година, откако хрватската полиција во координација со УСКОК и полиции на другите земји спроведе тајна акција, во која е утврдено дека некои од членовите на кланот Шкаљари, меѓу другите, користеле автентични документи со фалсификувани податоци.

Меѓу оние кои користеле хрватски докумети бил и убиениот Дедовиќ, пишува овој загребски медиум.

Полицијата тогаш го приведе Нусрет Сеферовиќ (49), за кој се сомнева дека бил главен шеф на групата која набавувала и изработувала оригинални пасоши за припадници на земунскиот клан и припадници на црногорскиот шкаљарски и кавчански клан.

InterServer Web Hosting and VPS