Помпео повика за соборување на Мадуро

Американскиот државен секретар Мајк Помпео повика денеска на соработка во борбата за соборување од власт на венецуелскиот претседател Николас Мадуро со цел да се стави крај на долгогодишната криза во јужноамериканската држава.

– Треба да прекине тиранијата на Мадуро, која е штетна за граѓаните на Венецуела и влијае врз целиот регион, изјави Помпео по средбата со претседателот на Колумбија, Иван Дуке во Богота.

Помпео треба денеска во Колумбија да оствари средба и со опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо.

Во меѓувреме е потврдено дека в среда во Брисел Гуаидо ќе се сретне и со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

InterServer Web Hosting and VPS