Претседател на Русија ќе може да биде само Русин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Долниот дом на парламентот го поднесе во пакетот уставни измени.

Документот, кој содржи измена на член 81, став 4, во врска со претседателот на Русија, е објавен во електронската база на податоци на Државната дума.

Според тој член, во моментов руски државјанин од 35 години и повеќе кој престојувал во земјата најмалку 10 години може да биде избран за претседател на Русија, пренесува ТАСС.

Измените предвидуваат дека за претседател на Русија може да биде избран руски државјанин кој има 35 години или постар, а кој престојувал во Русија најмалку 25 години и нема, ниту, пак, некогаш имал странско државјанство или постојан престој во друга земја.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата среда, во говорот за состојбата на нацијата пред парламентот, предложи амандман на рускиот устав кој ќе ги зголеми овластувањата на парламентот и на владата.

Путин претходно денеска го сменил рускиот јавен обвинител Јури Чајка, а го испратил името на неговиот наследник Игор Краснов како предлог за нов јавен обвинител на разгледување во Горниот дом на парламентот.

Според властите, 68-годишниот Чајка ја напушта позицијата на која е од 2006 година, за друга позиција која сè уште не е позната.

InterServer Web Hosting and VPS