Заврши штрајкот во париското метро и државната железница во Франција

Седиштето на францускиот реформаторски синдикат ЦФДТ денеска остана без електрична енергија, откако група синдикалци од ЦЖТ- енергија, влегоа во седиштето на синдикатот и ја прекинаа струјата, јави дописникот на МИА.

– Овој нов напад, потврден на социјалните мрежи од неколку енергетски синдикати на ЦЖТ, е неприфатлив, се вели во соопштението за ЦФДТ.

– ЦФДТ ќе ја продолжи својата борба за поголема социјална правда и солидарност меѓу работниците без притоа да дозволи неговите позиции да бидат диктирани со акти на насилство или заплашување, се вели во него.

Претходно, синдикатот поднесе пријава во полицијата за „упад, навреди, плукање, заплашување“ кои, наводно, биле извршени при првиот упад во петокот.

Двата напада се случија, во момент кога има затишие на штрајкот, чиј крај денеска е видно забележлив во Париз со речиси нормален сообраќај во метрото.

Во петокот и викендов имаше повеќе насилство, насилни акции и деградации.

– Овие насилства никогаш нема да бидат начин на изразување во демократија, напиша на Твитер министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.

Во вечерните часови, во саботата беа уапсени 59 „жолти елеци“ по насилство и палење на градилиште пред Гар де Лион. Многу простории на пратеници на ЛРМ (партијата на Макрон) исто така беа мета на вандализам во последно време.

На Франс Инфо, во саботата, државниот секретар на министерот за еколошка и инклузивна транзиција, Емануел Варгон, го осуди влошување на социјалната клима.

– Можеби не се согласуваме, тоа е нормално! Но, ние мора да имаме почитување (…) што овозможува да се оствари демократски живот. Ако не, што е тоа? Дали е ова востание?, рече таа.

InterServer Web Hosting and VPS