Кабриолетот Toyota GR Yaris – вистинска џебна ракета

Toyota ни го смени мислењето за Yaris, а особено со претставување на моделот GR Yaris на Саемот за автомобили во Токио. Некогаш скромниот градски автомобил може да биде вистинска џебна ракета, а X-Tomi Design отиде чекор понатаму.

GR Yaris изгледа неверојатно, a X-Tomi Design се поигра со овој модел и направи концепт за кабриолет. Откако ќе го погледнете неговиот рендер ќе потврдите дека овој модел навистина ќе биде добро дополнување во понудата на Toyota.

Реално гледано, изведбата на кабриолет oд моделот GR Yaris може да остане само концепт. 

GR Yaris развива 257 коњски сили, па доколку се произведе овој кабриолет мора да се внимава на безбедноста, структурата, трошоците за производство, на кои пазари се продаваат SUV модели и слично.

Шансите да го видиме овој кабриолет се мали, но тоа не значи дека нема да биде многу убав и привлечен.

InterServer Web Hosting and VPS