Концерт на Тамара Тодевска во Охрид

Тамара Тодевска на 27 јули ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид.

„Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите. Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па сè до извонредните настапи со ‘Proud’ околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија“, велат од „Авалон продукција“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре, 3 јули, во 9 часот наутро онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија по цени од 500, 600 и 700 денари./makfax.com.mk

InterServer Web Hosting and VPS