Големина XL: Полетал еден од најинтересните авиони на светот

Еден од најисчекуваните и најинтересни авиони на светот, “Beluga XL” на “Airbus”, почнал со првите оперативни летови.

Како што пишува CNN, операциите почнале на 9-ти јануари 2020-та година, со што “Beluga XL” станува еден од најголемите “ѕверови во воздухот”, во време на заминувањето на славните “Airbus A380” и “Boeing 747”. 

Иако авионот не е наменет за обични комерцијални патувања, тој ќе има значајна улога во транспортот на големите делови на авиони кои допрва ќе бидат градени и кои ќе играат значајна улога во транспортот на патниците во иднината.

Главната улога на “Beluga XL” ќе биде пренесување на големи делови на комерцијалните авиони на “Airbus” од местата на производство до локацијата за составување во Тулуз, Хамбург и кинески Тјенцин.

“Beluga XL” е направен во шест примероци и базиран на “Airbus A330” со “надувување” на трупот и спуштање на пилотската кабина.

Наследник е на оригиналната “Beluga” која била во функција до 1995-та година.

InterServer Web Hosting and VPS