Првиот Chevrolet Corvette Stingray продаден за 3 милиони долари

На аукција одржана од страна на куќата Barret-Jackson продаден е првиот примерок од новиот модел на Chevrolet – Corvette Stingray за дури три милиони долари.

Chevrolet уште во јули го прикажа Corvette Stingray C8 за 2020 година во купе издание, а неколку месеци подоцна се појави и кабрио верзијата. Во меѓувреме, првиот примерок од овој автомобил е продаден на аукција за три милиони долари.

Станува збор за првиот произведен Stingray, а средствата од продажбата ќе бидат донирани во добротворни цели, особено во Детскиот фонд во Детроит, непрофитна организација која има за цел да го зголеми бројот на квалитетни училишта во градот.

Сопственикот на првиот произведен примерок на моделот Corvette Stingray го доби со 3LT пакет на опрема, односно со сите достапни опции. Автомобилот се напојува со 6,2-литарски LT2 V8 мотор со 497 КС и 630 Nm вртежен момен, со 8-степен автоматски менувач и погон на задните тркала. Исто така, компонентите од екстериерот се во црна боја, како и GT2 седишта со црвени детали, а тука се и црвените сигурносни појасни. Позади е спојлерот, а кровниот панел може да се тргне. Автомобилот е опремен и со снимач за податоци на перформансите, како и Z51 Performance пакет.

Гордиот сопственик може да го преземе својот автомобил во фабриката која се наоѓа во Боулинг Грин во Кентаки. Сопственикот е Рик Хендрик, директор на фирмата Hendrick Companies, кој е вљубеник во моделот Corvette.

InterServer Web Hosting and VPS