Apple A14 чипсетот би можел да се спореди со 15-инчниот MacBook Pro

Се очекува дека Apple со годинашните iPhone модели ќе го претстави и новиот A14 чипсет. Секој пат кога компанијата од Купертино ќе објави нов чипсет, тој е побрз, поефикасен и севкупно помоќен од претходникот. Меѓутоа, A14 процесорот би можел да постави нови граници, според наводите на сајтот Macworld.

Се очекува дека TSMC ќе го креира A14 чипсетот, кој ќе се произведува во 5nm процес (наспроти 7nm процес за A13). Се верува дека користењето на 5nm процес ќе го направи A14 значително помоќен, а потенцијалните бенчмарк резултати би можеле да бидат во ранг со 15-инчниот MacBook Pro модел.

Се предвидува дека A14 би можел да оствари помеѓу 1500-1600 поени во single-core перформансите, односно околу 4000-5000 поени во multi-core тестови. Секако, не постојат гаранции дека ова и ќе се случи, но засновано на трендовите можно е да се очекуваат споменатите резултати.

извор: USB.mk

InterServer Web Hosting and VPS